Search

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во ноември 2019 година се пониски за 0,4 отсто на месечно ниво и за 6,9 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2019 година увозната цена на моторниот бензин е за 2,2 отсто повисока во однос на октомври 2019 година, а за 4,1 отсто повисока во споредба со ноември 2018 година.

Увозната цена, пак, на дизелот е за 1,3 отсто пониска во споредба со октомври 2019 година и за 8,5 отсто пониска во однос на ноември 2018 година. Кај авто плинот увозната цена во нември 2019 година е за 5,8 отсто повисока во споредба со октомври 2019 година, а за 12,1 отсто пониска во однос на ноември 2018 година.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведување на процесот на изградба

Треба да знаете
Последни објави