Search

Намалена вулканската активност на Етна, обвновен авио-сообраќајот

Ерупцијата на вулканот Етна на Сицилија, кој синоќа исфрлаше лава е намалена, па локаните власти повторно го отворија за сообраќај воздушниот простор над овој италијански остров.

„Анса“ пренесе дека фирмата „Сац“ која управува со аеродромот во Катанија, соопштила оти почнувајќи од 11 часот, сите сектори на воздушниот простор се отворени за сообраќај.

Во соопштението сепак се наведува дека е можно доцнење во полетувањето и други непријатности, но ситуацијата наскоро би требало да се врати во нормала.

Покрај аеродромот во Катанија, забраната за сообраќај поради ерупција на Етна важеше и за други аеродроми, каде не беше дозволено полетување и слетување на авионите.

Треба да знаете
Последни објави