Search

Намалена видливост поради магла од село Лисец кон Попова Шапка

Намалена видливост до 20 до 30 метри поради магла има на патниот правец од село Лисец до Попова Шапка, соопшти ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на  државните  патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави