Search

Намалена видливост поради магла на Попова Шапка, Ѓавато и Плетвар

– Намалена видливост, поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на Попова Шапка и на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинските премини Ѓавато, Плетвар и Стража.

– За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб, се вели во соопштението.

Од АМСМ додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави