Search

Намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Дебар – Струга

Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патниот правец Велес – Штип, до 100 метри на патниот правец Тетово – Скопје, од 20 до 30 метри на патниот правец Дебар – Струга, до 50 метри на патниот правец Куманово – Свето Николе, до 50 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар, информираат од АМСМ.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива по наместа влажни коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави