Search

Над 90 загинати во судири во северозападна Сирија

Околу 96 луѓе се убиени во северозападниот дел на Сирија во судирите во последните 48 часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Како што соопшти организацијата со седиште во Лондон сириските заедно со руските безбедносни сили се судрија со бунтовниците на неколку фронтови во Идлиб, југоисточна Сирија.

Тоа е најголем број жртви откако примирјето стапи во сила кон крајот на август.

Според активистите во Идлиб новите судири и воздушните напади од страна на руските авиони предизвикаа нов бран раселување на граѓаните.

Во сириската покраина Идлиб, што се наоѓа во близина на границата со Турција извршени се стотина воздушни напади за време на викендот.

Треба да знаете
Последни објави