Search

Над 80 отсто од заболените од Ковид-19 во една шпанска болница имале недостиг на витамин Д

Група медицински експерти за интензивна нега и биохемичари од болницата во Сантандер ја проучуваа улогата на витаминот Д во ранливоста на пациентите со Ковид-19 и дојдоа до драматични бројки.

Во студијата објавена во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“, тие откриле дека недостаток на витамин Д е пронајден кај 82,2 проценти од пациентите кои имале тешки симптоми на вирусот.

Експертите го спровеле истражувањето поради дискусиите за улогата на витаминот Д, или неговиот недостаток, кај пациентите со Ковид-19.

Истражувачите од Сантандер откриле и дека луѓето со Ковид-19, кои исто така имале недостаток на витамин Д, имале поголема веројатност да имаат проблеми со висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести.

Зошто витаминот Д има таков ефект врз одредени системи сè уште не е целосно јасно. Бројни студии, сепак, покажаа дека овој витамин веројатно има навистина позитивно влијание врз имунолошкиот систем.

Студијата наведува дека пациентите со Ковид кои имале недостиг на витамин Д морале подолго да останат во болница од оние со нормално ниво на витамин Д.

Студијата заклучува дека врската помеѓу нивоата на витамин Д и сериозноста на болеста и, следствено, стапката на смртност на пациентите не е докажана, но дека постои силна статистичка врска помеѓу недостаток на витаминот Д кај болничките пациенти и должината на третманот.

Треба да знаете
Последни објави