Search

Над 70 отсто од Грците сметаат дека Договорот од Преспа е во корист на македонските интереси

Последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата за рејтинг MRB Hellas, а објавено од информативниот портал „Реал”, покажува дека 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа, исто толку сметаат дека договорот не ги гарантира грчките интереси, повеќе е наклонет и повеќе им служи на македонските интереси и во иднина ќе создаде сериозни проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Речиси пет од 10 Грци одговориле дека договорот ќе биде изгласан од грчкиот Парламент, а 25.9% сметаат дека Македонија е „вистинска закана за Грција”.

Од испитаниците било побарано да одговорат на прашањето: „Врз основа на она што го знаете, имате слушнато, имате прочитано, како, во целост, го оценувате договорот што го потпиша грчката влада со ПЈРМ ?”

Според резултатите, 70.2% дале негативна оцена (веројатно негативна 20.5%, сигурно негативна 49.7%, а само 12.1% позитивна оцена (8.2% веројатно позитивна, 3.9% сигурно позитивна). Додека пак 4.6% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

На анкетираните, им биле понудени неколку ставови и било побарано од нив да одговорат дали и колку се согласуваат или не се согласуваат. МИА во целост ги пренесува прашањата и одговорите на испитаниците.

– Со финализирањето на конкретниот договор, Грција престанува да биде дел од еден проблем и може да претендира да добие активна улога на Балканот.

67.3% веројатно/ сигурно не се согласувам

24.3% сигурно/ веројатно се согласувам

8.4% не знам/ не одговарам

– Новиот договор ги гарантира, на реален начин интересите на Грција.

71.5% веројатно/ сигурно не се согласувам

20.7% сигурно/ веројатно се согласувам

7.8% не знам/ не одговарам

– Новиот договор е повеќе наклонет и повеќе им служи на интересите на ПЈРМ.

74.7% сигурно/ веројатно се согласувам

18.2% веројатно/сигурно не се согласувам

7.1% не знам/ не одговарам

– Новиот договор ќе создаде сериозни проблеми во иднина.

74% сигурно/ веројатно се согласувам

17.9% веројатно/сигурно не се согласувам

8.1% не знам/ не одговарам

Во истражувањето од Грците било побарано да одговорат на прашањето дали сметаат дека Договорот од Преспа ќе биде изгласан во грчкиот парламент. Речиси 5 од 10, односно 47% одговориле позитивно (14.8% сигурно да, 32.2% веројатно да), а речиси 4 од 10 негативно, 37.4% сметаат дека грчките пратеници нема да го изгласаат.

Македонија е на третото место во однос на тоа која земја, Грците ја сметаат за вистинска закана за Грција. Понудени одговори освен Македонија, се и Турција, Албанија и Бугарија.

Прва е Турција со 84.5%, втора е Албанија со 42.8%, а потоа Македонија со 25.9%. На четврто место е Бугарија со 7.2%.

Истражувањето било спроведено од 28 ноември до 6 декември со анкетирани 2000 лица со право на глас преку методот на директни интервјуа (face to face).

Треба да знаете
Последни објави