Search

Над 600 осуденици во „Идризово“ почнаа штрајк со глад, Заев вели нема Закон за амнестија

Над 600 осуденици во КПУ„Идризово“ денеска почнаа дводневен штрајк со глад бидејќи власта останала глува за нивните барања за амнестија, а премиерот Зоран Заев изјави дека нема да се носи Закон за амнестија.

пишува во писмото кое денеска е испратено до директорот на затворот, во кое го известуваат дека почнуваат со штрајк, дознава 24 Инфо.

Директорот на „Идризово“, Боби Мојсовски потврди дека штрајкот е почнат и дека учествуваат нешто над 600 затвореници, кои одбиле да примат ручек, или над половина од вкупниот број осуденици.

Штрајкот следува откако 320 осуденици минатиот месец  испратија петиција до Владата, министерството за правда и претседателот на Собранието со која бараат од надлежните општа амнестија за сите дела кои ги дозволува уставот, како и осудениците на доживотен затвор казните да им бидат преиначени во затворски казни со одреден број на години.

Ако за два дена не добијат одговор од Владата и работното тело за помирување најавија дека ќе продолжат со штрајкот, а нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

И.Ш.

Треба да знаете
Последни објави