Search

Над 5.000 бегалци и мигранти сместени во новиот, привремен камп на Лезбос

Процесот на сместување на бегалците и мигрантите во новиот, привремен камп Кара Тепе на Лезбос, продолжува со зголемен ритам и досега се згрижени над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вчера наутро започна и полициската акција, за сите оние кои се по улиците и на паркинзите пред големите супермаркети, да бидат префрлени во новиот камп, а од Атина на островот беа испратени и 70 жени полицајки за да помогнат.

-Ритамот на сместувањето на мигрантите во новиот камп се зголемува од час во час, акцијата на грчката полиција продолжува на многу ефективен начин, веќе над 5.000 се сместени, а како што помина времето, овој број се зголемува, рече алтернативниот министер за миграција и азил на Грција говорејќи за радиото „Параполитика” и додаде дека досега се направени и над 2.000 тестови за Ковид-19.

На островот се 17 мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција кои со помош на брзи тестови ги тестираат бегалците и мигрантите пред тие да влезат во новиот камп.

Илјадници лица кои престојуваа во Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и во импровизираниот камп во Мориа, останаа на улица, по двата пожари пред десетина дена.

Треба да знаете
Последни објави