Search

Над 35 отсто од Црногорците се пушачи

Дури 35,4 отсто од жителите на Црна Гора се пушачи, а бројот на лицата меѓу 13 и 15 години кои консумираат тутунски производи рапидно расте, се посочува во новиот извештај на црногорскиот Институт за јавно здравје.
Националната координаторка за контрола на тутунот, Агима Љаљевиќ изјави дека според расположливите податоци, меѓу младите на возраст од 18 до 24 години има повеќе женски лица пушачи, отколку машки, што претставува своевидно изненадување.
– Бројот на пушачи, според истражувањето спроведено во периодот од 2014. до 2018 година, речиси двојно пораснал кај лицата од 13 до 15 години, рече Љаљевиќ.
Одговорната претставничка на Светската здравствена организација во земјата, Мина Брајовиќ предупредува дека овие, како и податоците на европско и светско ниво, се алармантни.
Според неа, меѓу најдобрите мерки за контрола на употребата на тутун и намалувањето тутунски производи, се фискалните мерки.

Треба да знаете
Последни објави