Search

Над 30 светско познати говорници и претприемачи денес излегоа на бината на Балканскиот претприемачки самит

Над 30 светско познати говорници и претприемачи денес излегоа на бината на Балканскиот претприемачки самит пред повеќе од 250 бизнисмени и претприемачи од регионот. Покрај самите знења кои беа споделени и кои ќе помогнат во напредокот на бизнисите се создаде темел на поврзаност помеѓу сите што ќе придонесе до економски напредок во државата и регионот. Истиот е во организација на Creative Hub, кои оваа година се најдоа на листата на Forbes, и Стопанската комора на Македонија.

„Имаме навистина добри показатели, но нашиот најголем предизвик за иднината ќе биде развивањето и менаџирањето на талентот, човечкиот капитал и ние посветено работиме за зголемувањето на продуктивноста преку инвестирање во образованието, знаењето, вештините и специјализациите во образованието. Имаме конкретни мерки за поддршка на претприемништвото. Преку оперативниот план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот го охрабруваме започнувањето на сопствен бизнис. Само од 2018 година наменети се околу 6 милиони евра или 364 милиони денари.”, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на самитот.

Сите присутни ја имаа можноста да ги запознаат стратегиите и методите на работа на Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на Диор, и многу други.

Треба да знаете
Последни објави