Search

Над 20 мртви во протестите за зголемувањето на цените на лебот во Судан

Вкупно 24 лица загинаа во нередите на протестите во Судан кои траат неколку недели, соопштија суданските власти.

На протестите се приведени и неколку стотици луѓе.

Меѓународната организација „Амнести интернешнал“ соопшти дека настрадале најмалку 40 лица, додека ОН повикаа на независна истрага за околностите за смртта на демонстрантите.

Протестите против зголемувањето на цените на лебот започнаа на 19 декември во Судан, а потоа се претворија во антивладини протести.

Треба да знаете
Последни објави