Search

Над 2 000 тркачки в недела на Авицена женска трка

В недела, со почеток во 9:30 часот ќе се одржи Авицена женска трка со старт на бул. Илинден, покрај фонтана Лотус, во Скопје. Финишот на трката е на истата локација.

Оваа година на 3 километри патеката ќе излезат над 2 000 тркачки со една цел, да покажат дека спортот и здравјето е клучен фактор во животот на модерната жена.

Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Gun Time) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери. Награди ќе се делат по следниве категории:

– до 12 години
– до 14 години
– до 18 години
– до 30 години
– до 40 години
– до 50 години
– 50+ години

Стартот и целта ќе бидат на бул. Илинден пред фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на булеварот. Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите. Подигнување на стартните броеви е на 29 и 30 март, од 10 до 19 часот во Fitness Park во склоп на Park Hotel.
Организаторите очекуваат оваа трка да е една од најпозитивните во државата и со задоволство ве покануваат да го проследите настанот.

Треба да знаете
Последни објави