Search

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на вирусот корона. Околу 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат на работа по празниците. Ќе работат само аптеките, прехранбените продавници и хотели.

Како последница на вирусот, во Кина починаа над 1.700 луѓе, а заразени се повеќе од 70.000. Од крузерот кој е во карантин во пристаништето Јокохама, евакуирани се 400 американски државјани.

Приоритет во покраината Хубеи е да се обезбедат доволно залихи на медицински материјали и персонал, за да биде поуспешна борбата против вирусот.

„Користиме механизам за заедничка превенција и контрола и така ја зајакнуваме медицинската служба во покраината Хубеи. Започнавме со обука не медицински работници на национално ниво, како и за лекари во селски средини. Инструкциите можат да се видат и преку интернет“ изјавил Џу Хонгминг, помошник директор на Одделението за општа здравствена заштита на Националната здравствена комисија.

Во Вухан се отворени повеќе привремени болници каде има пациенти со поблаги симптоми на болеста.

Треба да знаете
Последни објави