Search

Над половина милион Британци се пријавиле за доброволци во справувањето со Ковид-19

Повеќе од половина милион Британци се пријавија доброволно да помагаат на Националната здравствена служба, иако владата очекувала да се регистрираат околу 250.000 луѓе, изјави британскиот министер за здравство Мат Хенкок, јави Би Би Си.

Волонтерите ќе бидат задолжени за различни работи, како што се купување намирници, лекови и други материјали за лица кои се во изолација поради коронавирусот.

Волонтерите, исто така,  повремено ќе транспортираат медицински материјали и пациенти кои се отпуштени од болница, но ќе разговараат и со луѓе кои се чувствуваат осамено додека престојуваат во самоизолација.

Треба да знаете
Последни објави