Search

Над половина Британци се за референдум за договор со ЕУ

Над половина Британци поддржуваат било каков конечен договор за брегзитот да биде ставен на референдум, покажуваат истражувањата спроведени нешто повеќе од два месеци до британското напуштање на ЕУ.

Според истражувањата на агенцијата „Кантар“, вкупно 52 отсто од испитаниците поддржуваат јавно гласање за договорот, 29 отсто се изјасниле против таков чекор, а 19 проценти биле воздржани, пренесе „Ројтерс“.

Според истражувањата, владејачките конзервативци имаат значителна предност во однос на опозициската Лабуристичка партија – партијата на премиерот Џонсон има 42 отсто, а главната опозициска партија има 28 отсто поддршка.

Треба да знаете
Последни објави