Search

Над една четвртина од населението во Германија се имигранти или со имигрантско потекло

Повеќе од една четвртина од населението во Германија се имигранти или имаат имигрантско потекло, покажуваат официјалните податоци за 2019 година.

Околу 21,2 милиони, или 26 проценти од вкупното население, имаат имигрантско потекло, според податоците за 2019 година, објави Федералното биро за статистика. Тоа е пораст од 2,1 процент во однос на претходната година.

Најголемата  група, околу 13 проценти од сите луѓе со имигрантско потекло, се од Турција или имаат корени во таа земја, соопшти Федералното биро за статистика.Следат луѓе кои се по потекло или имаат корени во Полска и Русија.

Вкупно 65 отсто од сите имигранти во Германија имаат европски корени.

Во Германија, се смета дека некој има имигрантско потекло ако барем еден од неговите родители е роден надвор од Германија. Околу 11,1 милиони луѓе или 51 процент со имигрантско потекло се родени во Германија.

Се уште постои голема разлика помеѓу бројот на имигранти кои живеат во западниот и источниот дел на Германија. Бремен во северозападна Германија има најголем процент од населението со имигрантско потекло – 36,5 проценти.

Треба да знаете
Последни објави