Search

Надзор над АКМИС системот и во 2019 година

Надзор над АКМИС системот ќе биде вршен и следната година и ќе бидат опфатени нови судови, но и дел од оние каде беа утврдени неправилности. Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека надзорот над АКМИСот останува стратешка определба на Владата.

-Овој месец донесов решение за надзор над АКМИСот во 16 судови кој ќе се спроведува во текот на 2019 година. Комисијата која во изминатиот период направи увид, најверојатнио сега ќе врши надзор со тоа што сега опфатени се и нови судови, како и дел од судовите кај кои беше извршен надзор, а кај кои беа забележани недостатоци. Се врши повторен надзор за да видиме дали имаме усогласување. Континуираниот надзор над АКМИСот е стратешка определба која е влезена во програмата на Владата и Министерството за правда и ќе почнеме да го реализираме веќе од јануари, изјави Дескоска.

Треба да знаете
Последни објави