Search

Надзорен одбор за воведување на европскиот телефонски број за итни повици во земјава

Владата на денешната 131 седница ја разгледа и усвои Информацијата од одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија на системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, и ги задолжи Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за одбрана, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања во рок од десет дена да номинираат свои претставници во Надзорниот одбор за супервизија и и да ги достават до Центарот за управување со кризи.

Како дополнителен заклучок на седницата, Владата го задолжи Генералниот секретаријат редовно да ја информира Владата за напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 кој произлегува како обврска од усогласувањата со праксата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствен европски број за итни повици во сите земји на унијата.

Треба да знаете
Последни објави