Search

Надежите на Шкендија само ги налутија врсниците од сплитски Хајдук

Надежите на актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија загубија и во вториот меч со  соодветниот тим на хрватскиот Хајдук, вечерва на реваншот во Сплит (3:1) од првото коло во младинската Лига на шампиони и со вкупни 5:1 се простија од настапот за оваа сезона. Ваквиот епилог младинците на Хајдук го највија на првиот меч одигран во Скопје каде забрележаа победа од (2:0) и рутински го обезбедија пласманот во 2. коло од елитното младинско клупско натпреаврување. Шкендија во Сплит се закни дека може да направи чуд, поведе, но радоста траеше кратко.

Меметриза Хамза во 29-та минута погоди за водство на тетовци, Хајдук набрзина одговори и до полувреме направи пресврт за да исчекори кон втората победа. Две минути по примениот гол, Мате Антуновиќ израмни, па Филип Чуиќ, кој ги даде двата гола во Скопје погоди во 40-та минута од мечот за пресврт. Марко Бркљача на десет минути пред крајот даде трет гол за Хајдук и ја потврди победата.

За Шкендија ова беше трето учество во младинската ЛШ, откако пред две години Динамо Киев ги расртури тетовските надежи со вкупни 10-2, после убедливите 8-0 во првиот меч од двомечот, а две години претходно, Нитра со вкупни 2-1 ги елиминираше тетовските младинци (1-0, 1-1).

Треба да знаете
Последни објави