Search

Наддавање со досега необјавени песни на Џон Ленон

Аудиокасета со снимка на која Џон Ленон пее досега необјавени песни за време на неговиот престој во Данска 1970 година, ќе биде ставена на аукција. Снимката е проценета меѓу 27.000 и 40.000 евра и трае 33 минути. Им припаѓа на четворица мажи кои го запознале Ленон како адолесцент.

Пејачот од „Битлс” минал дел од зимата 1969-1970 година на западниот брег на Данска.

Наддавањето ќе се одржи на 28 септември во Копенхаген, објави аукциската куќа „Брун Расмусен”.

Снимката е сосема уникатна бидејќи содржи и разговор. Снимена е по прес-конференција, кога средношколци, заедно со неколку новинари разговараа со Ленон, па тој им отпеа неколку песни. Тука ја има и „Radio Peace”, којашто никогаш не е објавена.

Треба да знаете
Последни објави