Фолкерката Нада Топчагиќ е позната по своите анегдоти, па сега откри колку се почувствувала непријатно кога го измешала министерот Ивица Дачиќ со еден свој пријател кој исто така се вика Ивица, а бил оџачар и и’ носел јаглен, па наместо него министерот бил по грешка повикан.

„Навистина ми требаше Ивица, кој е оџачар и тргнав да му ѕвонам, да го повикам, но наместо него, по грешка го повикав министерот Ивица Дачиќ.  Ивица е оџачар, ми ја чисти пепелта и ми носи јаглен, апри тоа е и многу ефтин. Ѕвонам јас и  се јави една жена, веројатно секретарка на Дачиќ и ми вели: „Надо, Ивица е во Брисел“.

Се прашувам јас, како оџачарот во Брисел, па на мажот ми му велам: „Златко, го изгубивме мојот Ивица, отишол во Брисел, веројатно некоја агенција го пронашла и го ангажирала да работи за нив“. Живи бруки… Шоу“ – раскажа пејачката и ги изнасмеа сите во студиото.