Search

Надал ќе игра во Париз и во Лондон

Рафаел Надал до крајот на сезоната ќе настапи на мастерсот во Париз и завршниот Мастерс во Лондон.

Шпанецот, по освојувањето на 13 трофеј на Роланд Гарос, не беше сигурен дека ќе настапи на уште некој турнир до крајот на сезоната. По консултациите со својот тим тој решил да игра на овие два турнири.

Мастерсот во Париз, е е ден од трите турнири од мастерс серијата на кои Надал никогаш не победил. Останатите два се Мајами и Шангај. Исто така Рафа никогаш не победил на завршниот Мастерс во сезоната.

Во главниот град на Франција надал може да заработи 640 поени, што би му овозможило да се врати во трката за првото место на АТП листата. На завршниот Мастерс, Надал, минатата година, забележа две победи и не успеа да ја мине групата.

Турнирот во Париз на програмата е од 2 до 8 ноември, а завршниот Мастерс во Лондон ќе се игра од 15 до 22 ноември.

Треба да знаете
Последни објави