Search

Надал: Ѓоковиќ не е поважен од Австралија опен

Рaфаел Надал одржа прес-конференција во Мелбурн пред почетокот на тенискиот турнир Австралија опен.

Темата која најмногу ги интересираше новинарите беше Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број еден и голем ривал на Шпанецот, кој се соочува со депортација од Австралија и кој вечерва ќе дознае дали ќе игра на Австралија опен.

„Јасно е дека Новак е еден од најголемите тенисери во историјата, без сомнение. Но, нема играч кој е поголем од турнирот. Никој, ниту Роџер, ниту Новак, ниту, да речеме, Борг, баш никој. Австралија опен е поголем и поважен од сите нас. На крајот, ако игра – супер, а ако не… Австралија опен ќе биде одличен турнир со или без него. Тоа е мое мислење“, кажа Надал.

Шпанецот е шести ностел на првиот годинашен гренд слем и ако Ѓоковиќ игра, нивната потенцијална средба би била во четвртфиналето.

Треба да знаете
Последни објави