Search

Надал за поразот од Фоњини: Еден од моите најслаби натпревари во последните 14 години

11-кратниот шампион во Монте Карло, Рафаел Надал призна дека се претставил далеку од своето најдобро ниво при поразот од Фабио Фоњини со 4:6, 2:6 во полуфиналето во Кнежевството.

– Чувството не е пријатно. Беше тежок ден, а противникот беше многу тежок. Претрпев тешки моменти со повреди во последните недели и психички не е воопшто лесно да прифатам се што ми се случи во тоа време. Денес (вчера), пак, беше од оние денови во кои ништо не ми тргнува од рака. Ова е веројатно еден од моите најслаби натпревари во последните 14 години Кога тоа ќе се случи, неизбежно и да го загубишмечот. Заслужив да загубам бидејќи играчот против мене беше подобар, изјави Надал.

Треба да знаете
Последни објави