Search

Надал без проблеми се пласира во 2. коло на Австарлија опен

Шпанскиот тенисер Рафел Надал  без проблеми обезбеди пласман во 2. коло на првиот од четирите  сезонски гренд-слем турнири, Австралија опен, откако со 3-0 во сетови го победи Боливиецот Хуго Делиен. Надал во пресметката со 72 рангрианиот противник Делиен загуби само пет гема. Во вторто коло, Надал ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Федерико Делбонис и Жоао Соуса.

Место во второто коло изборија и петтиот носител Доминк Тим со победата над Манарино во три сета, потоа деветтиот носител Роберто Баутиста Агут, 14-то рангираниот Диего Шварцман, Стен Вавринка, Марин Чилиќ и Милош Раонич.

Треба да знаете
Последни објави