Search

Наградата „Антево перо“ доделена на Ана Стојаноска за стихозбирката „Потпис: Трепетлика“

Наградата „Антево перо“ за 2020 година ѝ е доделена на Ана Стојаноска за стихозбирката „Потпис: Трепетлика“.

Комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година, во состав: проф. д-р Венко Андоновски (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски, (членови), на својот последен состанок, пред да започне со финално разгледување на ракописите во конкуренција за наградата, донесе и едногласна одлука од оваа година, по потреба (не секоја година) да се доделува наградата „Антева златна книга“, која е всушност Почесно Антево перо за животен поетски опус.

Наградата се состои од кожена, вкоричена копија од книга песни на великанот Анте Поповски, испишани со негов ракопис.

Врз основа на тоа, комисијата едногласно одлучи првото Почесно Антево перо да му се додели на истакнатиот македонски маг на поезијата Михаил Ренџов.

Во согласност со пропозициите на Манифестацијата, комисијата, исто така, реши да додели и две награди „Антев златник“ на Владимир Мартиновски за стихозбирката „Жив(отн)и песни“ и Зоран Пејковски за „Остров на окото“.

Наградата „Антев часовник“ ѝ е доделена на младата поетеса Георгина Петреска за стихозбирката „Средбата на вулкан и Минерва“.

Треба да знаете
Последни објави