Search

Навивач на ПСЖ откако запалил турско знаме бил соблечен до гола кожа на улица во Париз

Средбата од 6. коло во групата А во фудбалската Лига на шампионите меѓу ПСЖ и Галатасарај заврши со убедлива победа на „светците“ (5:0) кои и пред овој дуел ја имаа обезбеден првата позиција за разигрувањето во осминафиналето. Галатасарај со евентуално изнеандување можеше да си обезбеди европсјка пролет, но немаше сили да го стори тоа на теренот, но затоа пак неговите навивачи окажаа „мускули“ на улиците во Париз.

Серијата инциденти со домашните симпатизери гостите ги почнаа околу 18 часот. Столчињата  навивачите ги искористаа како оружје во пресметката во која учествуваа околу 100 хулигани.  „Ле Паризиен“ известува дека едно лице добило повреди на главата, а на интернет се појавија и фотографија од навивач на ПСЖ, кој бил соблечен до гола кожа од навивачите на Галатасарај, откако го запалил турското знаме.

Треба да знаете
Последни објави