Search

Навивач на „Кожуф“ во салата во Гостивар со дрво погодил домашен навивач

На 10.11.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.И.(35) од Гостивар пријавил дека околу 17.30 часот на кошаркарскиот натпревар Гостивар – Кожуф, што се играл во спортската сала „Младост“ во Гостивар, 19-годишниот навивач на „Кожуф“ Д.С. од Гевгелија со дрвен предмет фрлил и му нанел повреда.

Набргу потоа, Д.С. бил обезбеден и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од полицијата информираат дека инцидент на спортски натпревар имало и во Охрид.

-На 10.11.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско –  рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со фрлање предмет кон судијата на натпреварот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави