Search

Навивач во Бугарија ѝ се заканувал на полицијата и починал додека го приведувале

Британски државјанин починал во Софија на денот на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во квалификациите за Европското првенство 2020, според„ Би-би-си“.

Полицијата му пришла на непознат 32-годишник тоа утро откако граѓаните повикале помош.

„Полицијата примила дојава за човек во беспомошна состојба. Тој бил однесен во болница, каде одеднаш почнал да се однесува агресивно, беснеел и се заканувал“, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.

Поради тоа полицајците го привеле човекот, кој починал во необјаснети околности додека го пренесувале во полициска станица. Причина за неговата смрт се претпоставува дека е дрогата.

Бугарите тврдат дека покренале истрага, а Англиската фудбалска федерација ќе даде отчет за тоа кога ќе ги добие сите информации.

Треба да знаете
Последни објави