Search

Навивачка на Рома се разбудила од кома,откако ја слушнала видео пораката на Тоти

Навивачка на Рома се разбудила од кома откако нејзиното семејство покрај креветот и пуштило видео порака на најголемиот играч во историјата на клубот, Франческо Тоти.

Така пишува угледната Ла Република. Илениа Матили била навивач на Рома целиот свој живот, и поминала девет месеци во кома по сообраќајна несреќа во декември 2019 година.

„Илениа, не се откажувај, ќе успееш, сите сме со тебе“, наводно рекол Тоти во пораката.

Целото семејство сега сака да му се заблагодари на иконата на Рома и тие го поканија во болницата.

“Вашиот фантастичен глас во комбинација со страста и љубовта што Илениа отсекогаш ја имала кон Рома придонесе за нејзино будење. Нејзината насмевка сега е заразна и нејзините очи се полни со светлина и среќа. Почитуван Франческо, што чекаш? Едвај чекаме да те видиме, Илениа не може да дочека да те види “, гласи пораката на семејството.

Треба да знаете
Последни објави