Search

Навални ја објави првата фотографија откако се разбуди од кома

Рускиот опозиционер ја објави својата прва фотографија на својата страница на Инстаграм откако се разбуди од кома.

https://www.instagram.com/p/CFJwV0Dly0Z/

„Здраво, овде Навални. Ми недостигавте. Сè уште не можам да работам ништо, но вчера можев цел ден да дишам самостојно. Без никаква помош, дури ниту обичен вентил во грлото не користев. Навистина ми се допадна“, напиша Навални на својот профил на Инстаграм.

Германската влада вчера објави дека Алексеј Навални, кој лежи во берлинската болница „Шарит“, бил отруен со отровната супстанца „новичок“. Руската страна негира дека овој отров бил во телото на Навални додека тој бил на територијата на Русија.

Треба да знаете
Последни објави