Search

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата работа со ЦИА јавно да се објават.

„Ако властите, во име на кои Песков зборува, имаат докази за бесмислиците за кои зборуваат, тогаш тоа е работа на руската државна безбедност и барам тие докази да се објават“, напиша Навални на својот блог.

Песков претходно изјави дека тврдењата на Навални дека зад неговото наводно труење стои претседателот на Русија, Владимир Путин, се неприфатливи, неосновани и навредливи, но дека може слободно да се врати во Русија.

„Не дека тој работи со западните разузнавачки агенции, туку западните разузнавачки агенции работат со него. Всушност, постојат информации за тоа и можам да прецизирам дека експерти од Централните разузнавачки агенции на САД работат со него“, рекол Песков.

Треба да знаете
Последни објави