Search

Мјузикл за принцезата Дијана на „Нетфликс“ пред Бродвеј

Нов мјузикл за британската принцеза Дијана ќе биде снимен без публика и ќе се емитува на „Нетфликс инк“ во почетокот на 2021 година пред да дебитира на Бродвеј, објавија продуцентите во средата.

Ваквиот невообичаен договор за  „Дијана“ беше направен поради тоа што Бродвеј останува затворен среде пандемија на коронавирус, велат продуцентите.

„На наше големо задоволство, ние конечно можеме да ја споделиме нашата претстава со љубителите на театарот насекаде“, се вели во изјавата на продуцентите. „Иако не постои замена за театарот во живо, чест ни е што сме дел од квалитетната забава што „ Нетфликс“ им ја обезбедува на своите претплатници ширум светот“

„Дијана“ требаше да биде отворена на 31 март 2020 година, но премиерата беше одложена бидејќи Бродвеј ги затвори своите театри за да помогне да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Продукцијата, која што го хронизира додворувањето и бракот на Дијана со принцот Чарлс и евентуален развод, сега е предвидено да биде отворена на 25 мај 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави