Search

Мјанмар го поднесе првиот извештај за заштитата на Рохинџите до Судот на ОН

Мјанмар го достави својот прв извештај до највисокиот суд на Обединетите нации за придржувањето до мерките изречени во јануари заради заштита на муслиманското малцинство Рохинџи, соопшти денеска Судот.

Гамбија поднесе тужба против Мјанмар во која ја обвини таа земја за кршење на Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Комисијата од 17 судии едногласно го поддржа наметнувањето на т.н. привремени мерки на Мјанмар заради заштита на доказите за злосторства и спречување на насилство.

Судиите му наложија на Мјанмар да ги известува на секои шест месеци сè додека не се донесе конечна пресуда.

Треба да знаете
Последни објави