Search

МФ изработи прирачник „Купувам домашно” со објаснување што се спаѓа во домашни производи

– Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%. За да се информира јавноста што се спаѓа под „македонски производи”, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно” со 16 често поставувани прашања.

Документот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП. Истиот може да се најде на следниот линк https://finance.gov.mk/files/platezna_karticka.pdf

За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун.

За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави