Search

Му го удирале автомобилот со шипка, па извадил пиштол

На 13.05.2019 година околу 13.30 часот било пријавено дека во село Росоман бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(24) од Скопје и М.Н.(39) од Градско.

Според пријавата, во еден момент М.Н. со шипка почнал да удира по автомобил „Сеат Леон“, сопственост на Д.С., во кое биле и И.Д.(23) и П.И.(23), двајцата од Скопје. Притоа Д.С. со пиштол му се заканил на М.Н. По преземени мерки, двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави