Search

Муча: Заедно со граѓаните почнуваме со разубавување на парковите

Директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ардијан Муча, вчера по барање на граѓаните, направи обиколка низ сите општини на Град Скопје и направи увид со цел  претпријатието да започне со средување на парковите.

Станува збор за разубавување, обновување и разеленување на парковите во општините, а целиот проект ќе врши во соработка со Град Скопје.

– Заедно со инжинерите бевме на терен и се сретнавме со граѓаните кои ни пренесоа дел од идеите за разубавување на парковите, по што започнуваме со работа-кажа директорот Муча.

ЈП Паркови и зеленило со почетокот на пролетта најавија голем број проекти, но како приоритет е реконструкцијата на вториот дел од Градскиот Парк.

-Имаме голем број на проекти но како приоритет во моментот е реконструкцијата на вториот дел од Градскиот Парк, каде што ќе се работи делумно, парцела по парцела, затоа што станува збор за голема површина. Исто така ќе се ангажираме и во Кејот на Вардар, ќе подигнеме нови зелени површини и ќе ги реконструираме постојните паркови. Токму поради фактот што и Град Скопје е посветен и фокусиран кон зеленилото во градот, поради тоа сум повеќе од убеден дека и во текот на 2019 година ќе се садат голем број на садници, исто така и дека  ќе се подигнат и голем број на паркови.

Треба да знаете
Последни објави