Search

Муцунски: Според ММФ три години сме единствена земја во регионот којашто има пад на животниот стандард, со СДСМ на власт тоа ќе продолжи

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, во врска со економските статистики од ММФ, посочи дека во последниве три години сме единствена земја во регионот која има пад на животниот стандард, граѓаните живеат се посиромашно.

-Ние во последните три години сме единствената земја во нашиот регион којашто има пад на животниот стандард, тоа го вели ММФ, падот е 0.1 процентен поен додека сите земји во регионот растат со минимум 1.5 процентен поен од 2017 година до 2019 година, посочи Муцунски.

Тој вели дека имаме пад од над 10% на странските директни инвестиции и бројките што се прикажуваат како странски директни инвестиции се всушност реинвестирана добивка, значи немаме отворање нови фабрики или нови работни места.

-Кај нас се зголемени расходите и се намалени капиталните инвестиции, што значи владата троши повеќе, а од тоа што го троши се помалку и помалку троши на продуктивни трошоци, да не говориме на фактот дека имаме раст иселувањето од Македонија, вели Муцунски.

Тој заклучи дека граѓаните живеат посиромашно, а ние имаме се помалку продуктивна економија, затоа планот на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на даноците, масовно зголемување на капиталните инвестиции, создавање на добра деловна клима и враќање на Македонија на сите листи кои странските инвеститори ги ценат, преку регулаторна гилотина и создавање на услови за инвестирање.

-Ќе понудиме вистински промени, ниски даночни стапки и развиена економија, заврши Муцунски.

Треба да знаете
Последни објави