Search

Муцунски: СДСМ не води граѓански, туку етнички концепт, тераат политика од минатиот век

На вечерашната изборна дебата на Телевизија 21, меѓународниот секретар и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1, Д-р. Тимчо Муцунски, истакна дека СДСМ не нуди граѓански концепт, туку етнополитика, тие сега велат дека се најмултиетничка партија, не дека се најспособна и најквалитетна партија, време е во Македонија да се работи на развој на сите граѓани, за реаални проекти не за етнополитика.

-Овој концепт за водење на етнополитика ја почна пред неколку години СДСМ, па ја продолжи, тие сега велат ние сме најразновидна и најмултиетничка партија, не велат ние сме најспособна, најквалитетна и најмудра партија, БЕСА кога влезе во нивната коалиција влезе затоа што е албанска партија, не затоа што во БЕСА се најдобрите и најквалитетните, па по тоа ДУИ немаше избор и им се придружи на таа етнополитичка десница, нека ја водат битката таму, а граѓаните ќе распознаат, потенцираше Муцунски.

Муцунски истакна дека многу често македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред, па по тоа време е дали е за вработување во јавен или приватен сектор, ако е борба помеѓу Висар и Јован, да се вработи најквалитетниот, а не бидејќи на едниот името му е Висар или бидејќи на другиот името му е Јован.

-Време е ние да престанеме да зборуваме во 21 век, кога цивилизациските вредности ја надминаа етнополитиката да зборуваме за вакви теми, затоа ние во нашата програма зборуваме за реални проекти, проекти кои се значајни и за Теарце во Тетово и во Тимјаник, близу Неготино, и тоа се проектите коишто ќе го подобрат стандардот, ќе се борат со оваа здравствена криза, проекти како создавање на Центар за деца и лица со посебни потреби, вели Муцунски.

Тој поентираше дека време е да работиме на развој на сите граѓани на оваа држава, ние со водење на етнополитиката во оваа држава од политичари коишто треба да претставуваат пример во општеството не создаваме едно општество за сите и далеку е оваа политичка опција на СДСМ од граѓански концепт, ова е политика на етнички концепт, затоа што најдобриот треба да биде премиер и ДУИ кога ќе добие 61 пратеник нека го има мандатарот за премиер, граѓаните ја препознаа оваа политика и затоа премиер ќе биде професорот Христијан Мицкоски, истакна Муцунски.

Треба да знаете
Последни објави