Search

Мустафа Надаревиќ има рак на белите дробови

Познатиот хрватски актер Мустафа Надаревиќ (76) откри дека боледува од карцином на белите дробови.

– Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш го прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест, изјави актерот.

Тој ги советуваше сите кои припаѓаат на ризичната група, односно долгогодишните пушачи, да не избегнуваат да одат на прегледи.

-Можам да им порачам да не бидат примитивни како мене да се плашат од лекари. Добро е да се оди на време на прегледи, бидејќи тогаш излекувањето е многу близу, вели Надаревиќ.

Омилениот Изет во серијалот „Луди, збунет, нормален“ болеста не  го спречила да работи со полна пареа, бидејќи се снимаат нови епизоди.

Треба да знаете
Последни објави