Search

Муслиманите родени на Запад се посклони кон екстремизам отколку мигрантите

Еден од водечките универзитети во Шведска се обиде да го разобличи општото уверување дека најголемата терористичка закана произлегува од емигрираните џихадисти, пренесува „Спутник“. Според Универзитетот во Упсала, домашните муслимани имаат тенденција да го поддржуваат екстремизмот во поголема мера.

Муслиманите родени и израснати на Запад се посклони кон прифаќање на исламистичките верувања отколку нивните врсници кои емигрирале.

Истражувањето покажа дека мнозинството исламистички терористички напади во Европа и во САД се планирани и спроведени од луѓе родени и израснати на Запад, а не од исламисти родени во странство. Истражувачите исто така откриле дека муслиманите од Западот имаат посилно чувство на идентификување со муслиманската група и покажуваат посилен гнев поради начинот на третирање на муслиманите.

„Меѓутоа, најважното откритие е дека западните муслимани се поподготвени да применат сила за да ги одбранат своите “браќа по вера“ низ целиот свет”, се вели во истражувањето.

Според истражувачите, поддршката за екстремистичките идеи е вкоренета во чувството на обесправеност и маргинализираност во споредба со мнозинското население. Негативните искуства, тврдат тие, доведуваат до фрустрација и лутина. Овие емоции се многу посилни кај муслиманите родени на Запад.

„На пример, муслиманите кои ги поминале своите формативни години во Шведска очекуваат да бидат третирани како вистински Швеѓани, но кога ќе се споредат со соучениците и другите, можеби ќе чувствуваат дека тоа е така”, се вели во истражувањето, нагласувајќи го впечатокот дека секогаш се третирани како имигранти.

Истражувачите посочија „маѓепсан круг” помеѓу начинот на кој муслиманите се третирани на Запад и екстремизмот што ги носи бегалските бранови од Блискиот Исток, нарекувајќи го ироничен и трагичен.

„Муслиманите кои растат на Запад се чувствуваат исклучени и се приклучуваат кон групи како што е Исламска држава, кои, пак, генерираат огромен бегалски бран кон Запад”, се вели во истражувањето.

Во извештајот од ноември 2018 година се идентификувани најмалку 785 исламисти во Шведска. Од нив, 71,7 отсто се родени во странство, додека останатите се родени во Шведска. Тука се земени предвид само клучните фигури за разлика од поопфатниот извештај на шведската безбедносна полиција SÄPO во кој се регистрирани околу 2000 исламисти.

Сепак, бројот на исламисти во Шведска се проценува дека пораснал десет пати во текот на изминатата деценија, пишува „Афтонбладет“.

Треба да знаете
Последни објави