Search

Мусави: За Иран вратата за преговори” не е затворена

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави, изјави дека секој потег на Техеран за намалување на неговите обврски преземени со договорот ќе зависи од акциите на другите страни, откако европските земји потписнички го активираа механизмот што може да доведе до повторно воведување на саниции на Обединетите нации.

Иран постепено се откажуваше од своите обврски преземени со договорот од 2015 година, според кој на Техеран му се ублажија санкциите за замена за лимитирање на нуклеарните активности, а потоа Вашингтон го напушти договорот и воведе строги американски санкции, пренесе Фена.

Велика Британија, Франција и Германија , исто така, потписнички на договорот, во текот на овој месец го активираа механизмот од спорот, повикувајќи се на иранските прекршувања на договореното.

Со него се активира дипломатскиот процес врз основа на што санкциите можат повторно да бидат воведени.

-Техеран се уште останува во договорот. Тврдењата на европските сили за иранското кршење се неосновани, изјави Мусави на редовната прес конференција во Техеран , изјавувајќи дека „вратата за преговори не е затворена”.

„Дали Иран уште ќе ги намалува своите обврски ќе зависи од другите страни и од тоа дали иранските интереси ќе бидат заштитетни во договорот”, рече Мусави.

Треба да знаете
Последни објави