Search

Мурињо 18-годишниот џокер од клупата го стимулирал со патики од 800 евра

Фудбалерите на Рома на гости ја победија Џенова (0:2) во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А и му го направија непријатно дебито на тренерската позиција на Андрија Шевченко кој капитенската лента на овој натпреавр му ја додели на македонскиот интеранционалец Горан Пандев. Џенова се одбрани во првиот дел од налетите на „римската волчица“ но во продолжението трофејниот Жосе Мурињо со „џокер“ од клупата го скрши отпорот на домаќините.

Херојот е 18-годишниот Феликс Афен-Гјан од Гана кој доби шанса во финишот од натпреаврот. Овој 18-годишен фудбалер на Рома само осум минути подоцна успеа да постигне гол за 1:0. Но, тоа не беше се од младиот Гјан. Во четвртата минута од судиското продолжение го постигнал својот втор гол,  а Мурињо откри со што го стимулирал пред да влезе во игра.

-Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките кои му се допаѓаат иако се 800 евра ако постигна гол. Кога постигна гол дојде до мене и ми кажа да не заборавам на тоа ветување. Секако дека ќе си го исполнам, изјави Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави