Search

Мурињо со тројца свои играчи од Тотенхем излегле да тренираат во парк

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо одлучил да почне со неофицијални тренинзи. Тој заедно со тројца играчи е „уловен“ во еден парк како тренираат.  Со овој потег Мурињо и неговите избраници ја прекршува забраната за групирање на луѓе на јавни места.

Од клубот ги предупредија да не ја прекршуваат изолацијата, а ако веќе излегуваат од дома, да ги почитуваат правилата и препораките за справување со пандемијата. Идејата да се излезе во парк и да се тренира била на Мурињо, па може да се соочи и со казна.

Фудбалерите кои биле со Мурињо најверојатно се Танги Ндомбеле, Давинсон Санчес и Рајан Сесењон, додека настрана од нив, е забележан и Серж Орие како трча со уште еден човек.

Треба да знаете
Последни објави