Search

Мурињо: Само нечесен фудбалер би играл лошо, затоа што не му се допаѓа менаџерот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги демантираше уште еднаш оваа сезона гласините дека голем дел од фудбалерите не го поддржуваат и токму затоа тимот не се претставува на потребното ниво.

Португалецот посочи дека само „нечесни” играчи можат да играат под нивното ниво, едноставно затоа што не го сакаат својот менаџер.

– Како ги нарекуваме играчите кои играат само кога го сакаат тренерот? Подмолни, нечесни. Фудбалерите добиваат многу пари за да бидат професионалци. Нивна обврска е да тренираат максимално секој ден, да играат на секој натпревар на границата на силите, да ги почитуваат навивачите и да ја почитуваат хиерархијата во клубот, изјави Мурињо пред домашниот натпревар со Арсенал вечерва од 15. коло на Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави