Search

Мурињо провоцираше и го навлече гневот на навивачите и играчите на Јувентус: Ова ви е за Интер!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа дојдоа до голем пресврт и победа на гостувањето кај Јувентус во Торино. Англискиот клуб славеше со 2:1.

После натпреварот, тренерот на гостите, Жозе Мурињо истрча на теренот и упати провокација до навивачите на Јувентус, по што дури и го навлече гневот на играчите на торинскиот клуб. После натпреварот, Португалецот објасни зошто го направил тоа.

„Ме провоцираа 90 минути. Дојдов овде за да ја работам мојата работа, ништо друго. На крајот не навредив никого, сакав само да ги слушнам. Веројатно не требаше да го направам тоа и со ладна глава и немаше да го направам тоа. Но, ме навредуваа мене, моето семејство, го навредуваа и моето семејство Интер, па морав да реагирам така“, изјави Жозе Мурињо.

Навивачите на Јувентус во текот на натпреварот сосема очекувано го навредуваа поранешниот тренер на Интер кој што додека го водеше миланскиот клуб беше голем ривал на „Бјанконерите“. Мурињо и на дуелот на „Олд Трафорд“ им покажа на навивачите на Јувентус три прста, односно алудираше на историската тројна круна која што ја освои со Интер, единствениот италијански клуб на кој му успеало тоа.

Треба да знаете
Последни објави