Search

Мурињо: Не е на дневен ред работа во Португалија

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо категорично ја отфрли опцијата да ја преземе Бенфика.

Во изминатите денови се појавија гласини дека Специјалниот може да застане на чело на гигантот од Португалија. Сепак, тој ги негираше овие информации, велејќи дека враќањето во Португалија не е на дневен ред за него.

– Можам да кажам дека работа во Португалија не е на дневен ред за мене. Јас сум добро, така како што сум. До денес, не сум варијанта за Бенфика, изјави Португалецот.

Се шпекулира дека Мурињо може да се врати на чело на „орлите” по изјавата на претседателот на клубот, Луис Филип Виера. Тој објасни дека при желба на Жозе, клубот веднаш ќе ја отвори вратата и додаде: „Парите не се проблем”.

Треба да знаете
Последни објави