Search

Мурињо: Не е крај на светот ако Тотенхем не заврши во топ 6

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека нема да биде крај на светот ако Спарс не успеат да завршат во првите шест во Премиер лигата – нешто што не се случило од 2009 година.

Тотенхем загуби со 1-3 од Шефилд Јунајтед во четвртокот и е на деветтото место во пласманот. Тимот е на 10 бода зад петтопласираниот Манчестер Јунајтед и само победа против Евертон во понеделник ќе ги задржи надежите за учество во европските клупски турнири следната сезона.

– Ако тоа не се случи, тоа нема да биде крај на светот, тоа е веројатно почеток на нов свет. Работите се менуваат, се менуваат за нас, се менуваат за другиот клуб. Екипите се менуваат, мотивацијата се менува. Тимот кој беше силен пред 10 години веројатно не е веќе силен. Играч со максимална мотивација веќе не е таков, рече тој.

Ако тоа се случи, продолжи Португалецот, треба да се биде оптимист и професионален за следната сезона, која треба да биде различна.

Треба да знаете
Последни објави